March 27, 2025

ПРОЕКТ ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА: ОДРЖАН ПРВИОТ СОСТАНОК НА ЛОКАЛНАТА ГРУПА НА ЧИНИТЕЛИ

PIC_7705-1024x768

Во Радовиш се одржа првиот состанок на Локалната група на чинители за проектот Зелена Топлина, финансирана од Европската Унија. Проектот има за цел да воведе комунално централно греење базирано на обновливи извори на енергија во пет јавни згради во градот.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој го презентираше проектот пред членовите на групата. Градоначалникот ги објасни спецификите на проектот и ги истакна придобивките од зелените извори на енергија. Тој ја истакна важноста на проектот за градот, наведувајќи дека тој е значаен чекор кон одржлива иднина.

Еден од клучните резултати на состанокот беше зголеменото ниво на транспарентност во проектот. Членовите на групата имаа можност да поставува прашања и да добијат одговори од градоначалникот и проектниот тим.

Првиот состанок на Локалните група е значајна активност во спроведувањето на проектот Зелена топлина. Поддршката и вклученоста на заедницата ја подобрува транспарентноста на целиот процес и ја подига јавната свест за одржливите извори на енергија.

Проектот Зелена топлина се реализира во соработка со Европската унија, Министерството за локална самоуправа и граѓанската организација ЦеПроСард од Скопје. Проектот ја покажува посветеноста на општината за промовирање на еколошки практики и намалување на трошоците за енергија за јавниот сектор. Сите активности на  проектот се очекува да биде завршени до 2025 година.

Сподели на:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Останати проекти