Во рамки на проектните активности на ECO-DRR Македонија (екосистемско базирано намалување на ризици од катастрофи), финансиран од страна на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) се одржа 3-та работилница на која беа претставени три различни верзии од Картата за опасност од поплави од Радовишка река за град Радовиш.

Изработена е од страна на јапонски експерти со користење на апликативен софтвер за симулација на поплави од 100-годишни води, собирање на податоци од теренско истражување, идентификување на опасни подрачја и потврда на локалната состојба. Картите за опаност се визуелна претстава и пренесување на знаење кое се применува секојдневно во Јапонија. Работилницата се одржа во две сесии: утринската за претставниците на локалните и државни институции на подрачјето на опшитна Радовиш, додека попладневната сесија за претставниците на урбаните заедници, невладините организации, група на граѓани од ранливи категории и сл. Мапата за опасност содржи примери за хоризонтална и вертикална евакуација во случај на поплави предизвикани од поројни врнежи на дожд, критични точки, фотографии од претходни поплави како и локации за евакуација во секоја урбана заедница.


